Миленко Божиќ е млад чевлар од Белград кој со овој занает се занимава веќе 11 години. Го наследил семејниот бизнис кој трае повеќе од две децении. Секој ден неговата работилница ја посетуваат десетици луѓе барајќи помош за поправка и „продолжување на животниот век“ на омилените предмети.
28.03.2024.
Миленко го научил овој занает од својот татко и отворил чевларска работилница на уште една локација во Белград.
Работата на чевларот бара повеќечасовно стоење на нозе додека се услужуваат муштериите, но и за време на самата поправка. Со години заедно со својот тим барале обувки кои ќе го олеснат секој работен ден. Како идеално решение ги пронашле LEON кломпите кои секојдневно ги носат во работилницата.
Миленко вели дека инспириран од удобноста која ја чувствува на работа, посакал истото да го доживува и дома, при прошетки или извршување на приватни обврски. LEON кломпите ги купил за сите тие пригоди.
Она што го нагласува како најважно кај LEON обувките е меката кожа од која се изработени сите модели. Тоа ѝ дава слобода на ногата, дозволува да „дише“ и да не се поти. Исто така ја издвојува и меката подлога која се прилагодува на секое стапало и дава добра потпора на кичмата. Бидејќи нивната работа бара брзо движење, неклизните влошки на LEON кломпите им се вистинско откритие и дополнителна поддршка.
За работниот ден да биде полесен и поуспешен, а работата завршена без непријатности, нашето тело мора да биде задоволно, нозете одморени, а кичмата да не чувствува болка и напнатост!
