LEON – Фамилија на удобни чекори
LEON е семејно претпријатие кое успешно работи веќе дваесет и три години, во приватна сопственост, со 100% сопствен капитал. Нашата компанија има водечка позиција во областа на производство и продажба на анатомски обликувани обувки.

50+
Година на традиција

300+
Работни места

17+
Земји на извоз

9.000
м² производствен простор
Наши Производи
Две линии за различни потреби. Избери што ти одговара – мода или професионална удобност.

LEON Fashion
Модни кломпи и папучи со современ дизајн, создадени за секојдневна употреба. Совршен спој на стил, удобност и функционалност за модерниот начин на живот.

LEON Medical
Медицински кломпи и папучи наменети за здравствени работници. Дизајнирани според најстрогите стандарди за максимална хигиена и целодневна удобност.

Квалитет без компромис
Соработуваме исклучиво со проверени добавувачи од Италија за да го гарантираме највисокиот квалитет во секој детаљ. Секој пар поминува низ строга контрола на квалитет пред да стигне до нашите купувачи ширум Европа. Вашето задоволство е наш приоритет.
Европска препознатливост
Нашите производи се препознаени и ценети ширум Европа. Горди сме што купувачи од различни земји секојдневно ја избираат LEON обувката. Нашиот тим посветено работи секој пар да биде совршен – на вас останува само да го одберете моделот што ви се допаѓа.